Хилари Даф не може да ја сокрие радоста од раѓањето на своето прво дете. 24-годишната актерка само две недели по породувањето објави фотографии од малото синче Лука.
„Бебето Лука, на две недели“ – напиша Хилари под слатката фотографија со ококореното бебенце.

„Wow, не можам да поверувам дека имам бебе! Најубавото, слатко и неодоливо бебе! Благодарам за сите пораки и убави желби! Ве сакам многу“ – со оваа порака Даф им се обрати на своите следбеници на Twitter, кога објави фотографија од малите стапала на Лука.
Хилари стапи во брак со хокеарот Мајк Комри во август 2010 година, а една година подоцна објави дека е бремена со нивното прво дете.