Хајди Клум деновиве неколку пати беше фотографирана со четирите деца низ улиците на Њујорк. 43-годишната Германка уживаше во друштво на двете ќерки и двата сина.
12-годишната Лени, 10-годишниот Хенри, 9-годишниот Јохан и 6-годишната Лу се забавуваа со својата славна мајка на разни активности и се релаксираа на прошетки во Големото јаболко.























Хајди зад себе има оставено два бракови. Клум прво беше во брак со стилистот Рик Пипино, од кого се разведе во 2002 година. Потоа, таа беше во врска со Флавио Бријаторе, кој е биолошки татко на Лени.
Лу, Хенри и Јохан се нејзини деца со музичарот Сил, со кого беше во брак речиси седум години. Познатата манекенка сега е во врска со Вито Шнабел.