Хајди Клум ги поздрави своите следбеници на Twitter со секси фотографија на која одблиску го покажува своето тонирано тело. „Прекрасен ден!“ – напиша таа пред да ја објави фотографијата.
На стомакот на 39-годишната манекенка не може да се забележи ниту мала трага од четирите бремености, што можеби нема да ги зачуди оние кои ја следат нејзината кариера, бидејќи Клум експресно се враќала во форма по раѓањето на секое од своите деца.
Со друга фотографија Хајди им го честита Денот на независноста на своите обожаватели. „Честит 4 јули на сите!“ – се вели во нејзината порака под фотографија која го покажува нејзиното лице.
Сексапилната поранешна сопруга на Сил само пред неколку дена изјави дека не е сигурна дали би сакала повторно да се омажи.
„Не знам дали ќе се мажам повторно. Ги обожавав нашите годишни бајковити свадби кои беа големи семејни забави. Но, за жал, некако не ни успеа“ – изјавила таа за германскиот „Bild“, раскажувајќи за обновувањето на брачните завети со Сил.
По разделбата со Сил, поранешниот ангел на Victoria’s Secret вели дека се фокусира на својата кариера и децата. „Се концентрирам на семејството и можам да кажам дека сум среќна. Има многу полоши нешта од разделба“ – рекла Хајди.