Хакерот којшто ги објави голите слики од жена за која се тврди дека е Блејк Лајвли решил да докаже дека тој е во право, а не гласноговорникот на Лајвли кој тврдеше дека сликите не се нејзини. Па, хакерот денес објавил нови фотографии.
Анонимниот објавувач дури и оставил порака: „О, да, претставнику на Блејк. Овие се целосно лажни. Ние навистина, навистина ти поверувавме....“
Две од новите фотографии покажуваат облечена жена со телефон во раката, која е апсолутно идентична со Блејк.
На другите фотографии се покажани женски гради, а на неколку е прикажан женски врат и деколте со мали тетоважи.
Бидејќи многу блогови и сајтови се трудат да откријат дали снимките се лажни или не, веќе има повеќе докази кои алудираат на тоа дека фотографиите се автентични.
Прво, телефонот со кој се слика голата жена е ист како телефонот со кој Блејк е сликана од папараците на снимањето на Gossip Girl во 2008 година.
Второ, тетоважите од сликите од втората тура се исти со привремените тетоважи кои Блејк ги имала за време на снимањето на филмот на Бен Афлек, The Town.
Трето, на една од сликите жената носи златна белегзија со буквата „B“ (Blake), која е иста со белегзијата што Блејк ја носи на фотографии од снимањето на Gossip Girl.