Адел стана сопственичка на имот во Беверли Хилс. Музичката ѕвезда платила 9,5 милиони долари за куќа во соседството на повеќе славни лица како Мила Кунис и Ештон Кучер, Џенифер Лоренс и Камерон Дијаз.
На имотот има 4 спални соби, 6 бањи, базен и куќарка на дрво.
28-годишната пејачка моментално е на турнеја. Во рамките на светската турнеја „Adele Live 2016“, планирани се 105 концерти.