Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ферги и Џош ги обновија брачните завети

Ферги и Џош ги обновија брачните завети

Џош Духамел и ФергиЏош Духамел и Ферги на свадбата.

Атрактивниот актер Џош Духамел ја изненадил својата сопруга Ферги со мала романтична церемонија на која си ги обновиле своите брачни завети.

Џош и Ферги стапија во брак на 10 јануари минатата година со голема церемонија. Но, сега Џош решил дека обновувањето на заветите е интимна прослава и затоа тајно организирал церемонија на која што присуствувале само тие двајцата и свештеникот.

„Ферги плачеше и беше многу емоционална“ – пишува веб сајтот RadarOnline.com, потпирајќи се на изјавата на сведок на настанот.

Изненадувањето за Ферги започнало кога ги пречекал хеликоптер во Лос Анџелес и ги однесол до Санта Барбара. Оттаму, парот со лимузина се упатил до луксузен хотел, каде и се одржала 15-минутната романтична церемонија.

Во октомври, Џош беше обвинет за неверство од страна на стриптизерката Никол Форестер. Но, и покрај упорноста на Форестер, Џош никогаш јавно не призна дека ја изневерил Ферги.

Можеби целото ова изненадување е начин Џош да се искупи за грешките или навистина е потврда на нивната љубов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.