Адам Левин и Беати Принсло го продаваат својот дом во Њујорк во кој живееја две години. Првото дете на славниот пар е на пат, па тие веројатно трагаат по удобен дом кој ќе биде погоден и подготвен за доаѓањето на нивното чедо.
Урбаниот дом со пространа дневна соба се наоѓа во Сохо, Менхетн, и се протега на површина од 260m2.
Идниот сопственик ќе треба да издвои 5,5 милиони долари за да ужива во модерниот апартман.










На Instagram, Беати објави фотографија од пораснатото стомаче во своите први фармерки за трудници.
Фронтменот на „Maroon 5“ и згодниот ангел на „Victoria’s Secret“ стапија во брак во 2014 година.
