Синди Крафорд сними фотосесија за „Rhapsody“ и во интервјуто за списанието изјави дека ќе се пензионира откако наскоро ќе наполни 50 години. Најпрепознатливиот супермодел ќе влезе во шестата деценија од својот живот на 20 февруари.
„Сигурна сум дека ќе бидам фотографирана уште 10 години, но не повеќе како модел. И тоа е ОК. Завршив со тоа. Работев со многу неверојатни фотографи. Не морам да продолжам да се докажувам. Не сакам“ – рекла таа.





49-годишната Американка изјавила и дека сака да старее достоинствено. „Жените како Хелен Мирен и Џејн Фонда изгледаат прекрасно. Тие не се обидуваат да изгледаат како да имаат 30 години. Јас не сакам да се обидам да се натпреварувам со мојата 14-годишна ќерка, бидејќи ќе изгубам“ – изјавила Крафорд за People.
