Селма Хајек доби романтично изненадување од својот сопруг Франсоа Анри-Пинот. За време на нивниот летен одмор, 56-годишниот милијардер тајно организирал церемонија за обвновување на заветите со 51-годишната актерка.
Фотографиите од интимната прослава ги објави Хајек на Instagram и напиша: „Летото се движи кон својот крај, а мојот најубав спомен е кога мојот сопруг ме изненади со обновување на заветите. Не би одбрала да го носам тоа на мојата свадба, но ми беше кажано дека ќе одам во спа“.
Селма и Франсоа стапија во брак на Св. Валентин во 2009 година, речиси година и половина по раѓањето на нивната ќерка Валентина.