Синди Крафорд го искористи изминатиов викенд за забавно дружење со ќерка си. 48-годишниот супермодел го посети Дизниленд во Калифорнија заедно со 13-годишната ќерка Каја и пријатели.
Славните мајка и ќерка беа фотографирани додека љубопитно го разгледуваа забавниот парк.
Не може да не се забележи дека Каја е копија на својата мајка. Фотографиите од првите фотосесии на Синди ја покажуваат огромната сличност, па многумина се убедени дека Каја ќе биде нејзина наследничка во модната индустрија.
Каја го направи првиот чекор во модата пред околу три години, кога стана заштитно лице на детската колекција на Версаче. Сепак, тогаш Синди изјави дека ќе почека барем неколку години пред да ѝ дозволи на Каја да работи како модел.