Важните моменти од животот на семејството Кардашијан секогаш стигнуваат до очите на јавноста. Така е и со забавата за нероденото бебенце на најстарата сестра, Кортни Кардашијан.
За помалку од еден месец 33-годишната телевизиска ѕвезда треба да роди девојче, нејзиното второ дете со Скот Дисик. Фотографии од слатката забава објави списанието Us Weekly.
„Забавата беше совршена“ – изјавила Кортни, која блескаше во бел фустан со чипка од Дајен фон Фирстенберг.
Освен Ким, Клои, Кендал и Кајли, на забавата присуствувал и сопругот на Клои, Ламар, како и новата љубов на Ким, Кание Вест. Во куќата на мајката Крис Џенер биле поканети вкупно 70 гости кои ја израдувале Кортни со многу подароци.
„Ѝ подарив чанта за пелени од Прада и најслатките шпикозни од Гучи“ – се пофалила Ким.
Крис споделила дека е пресреќна што ќе добие уште едно внуче. „Кортни се справува одлично. Многу е возбудливо што повторно ќе станам баба“ – изјавила 56-годишната мајка и менаџерка на славното семејство.