Серена Вилијамс ја круниса успешната година со наградата „Спортска личност на годината“ на „Sports Illustrated“. 34-годишната тенисерка беше главна гостинка на церемонијата по повод доделувањето на наградата.
На свечениот настан во Њујорк, Вилијамс ја истакна својата фигура во црна креација со чипка.




„Оваа година беше спектакуларна. Тоа што Sports Illustrated ја награди мојата напорна работа, посветеноста и апсолутната решителност, ми дава поттик да продолжам да бидам подобра. Ова постигнување не е само мое, туку и на целиот мој тим и на сите мои фанови“ – изјавила таа.
Вилијамс е првата жена која го добива ова признание во период од повеќе од три децении. Последен пат оваа награда заврши во рацете на спортистка во 1983 година, кога ѝ беше доделена на атлетичарката Мери Декер.






