Домаќинките од Вистерија Лејн уште еднаш покажаа дека немаат ништо заедничко со зборот „очајни“. Петте хероини блескаат на промотивните фотографии за новата и последна сезона на една од најгледаните телевизиски серии.
Ева Лонгорија, Тери Хачер, Фелисити Хофман, Марша Крос и Ванеса Вилијамс изгледаат заводливо и префинето, како и секогаш.
Последната осма сезона од серијата се смета дека ќе биде една од најнапнатите и најдраматичните досега. Уште во првата епизода ќе видиме прикривање на убиството на очувот на Габриел.
Ако сакате да ѕирнете во првата епизода, погледнете го видеото:
Всушност, која е вашата омилена домаќинка?