Вилијам Леви, мажот којшто редовно ги посетува женските фантазии, има направено многу сексапилни фотографии, но досега не сме го виделе толку разголен. Фотографиите кои ги објави Celebuzz, се направени во 2007 година, но сега наголемо „истекуваат“ во јавноста, бидејќи Леви сè повеќе ја буди љубопитноста на жените со учеството во новата сезона на шоуто „Dancing With the Stars“.

На фотографиите 31-годишниот актер позира само со каубојски шешир со кој си ги прикрива најинтимните делови од телото. Фотографиите биле направени пред почетокот на фотосесија, додека Леви чекал за да добие шминка за тен по телото.
Ако тие не ви ја разбудија фантазијата, погледнете како Вилијам Леви ја крена на нозе женската публика во шоуто „Dancing With the Stars“, кога пред неколку дена заигра ча-ча со неговата партнерка Шерил Бурк. Сите ќе се согласиме со заклучокот на еден од членовите на жири комисијата кој му рече на Леви дека за време на настапот носеше премногу облека.