Ако мислевте дека фамозната свадба на Ким Кардашијан ќе остане заборавена, сте се излажале. Гламурозната свадба привлече толку многу внимание што екипата која стои зад семејството Кардашијан реши малку по малку да ја „храни“ љубопитната публика со информации и фотографии.
Верувале или не, на свадбата на Ким биле направени околу 8 милиони фотографии, а подолу ќе најдете неколку од нив.
На фотографиите јасно се гледаат фустаните на Ким, создадени од легендарната креаторка Вера Ванг, а исто така и накитот кој чинел 10 милиони долари.
Освен семејството Кардашијан, на сликите може да се видат и некои од славните гости, како Ева Лонгорија, Деми Ловато, Линдзи Лохан, Вера Ванг и Аврил Лавињ.