Кристина Агилера сака да се збогува со својата розова палата, која до пред една година ја делеше со својот поранешен сопруг, Џордан Братман. По нивниот развод, популарната пејачка го објави имотот за продажба и до денес колоритниот имот сè уште не пронашол нов сопственик.
Куќата градена во медитерански стил вклучува 6 спални соби и 9 бањи. Просториите се декорирани основно со розова и црвена боја, а насекаде има големи висечки лустери и елементи со животински принт. Детската соба на нејзиниот син Макс е декорирана во сина боја, а особено впечатлива е големата човек-месечина.
Кристина не е единствената славна сопственичка на розовата палата во Беверли Хилс. Таа ја купи од Ози и Шерон Озборн во 2008 година за околу 11 милиони долари, а денес ја продава за 13,5 милиони долари.
Пред неколку години Кристина ја покажа и големата колекција обувки која ја поседува.