Кристина Агилера се сели во соседството на Чарли Шин, Парис Хилтон и Роби Вилијамс. Пејачката со моќен глас купи куќа во приватната и престижна населба Мулхоланд Естејтс во Беверли Хилс, Калифорнија.
За 10 милиони долари Агилера стана сопственичка на куќа во медитерански стил со 6 спални соби и 9 бањи. На површина од над 1.000m2 има најмалку 5 камини, библиотека, бар и винарска визба.
Околу куќата има уредена градина, базен со солена вода и спа просторија.