Метју Меконахи се ожени со мајката на неговите две деца на 9 јуни. Свадбената церемонија се одржа во дворот на нивниот дом во Тексас, а сега се појавија и првите фотографии од свеченоста. Младоженците блескаат од среќа додека позираат за списанието People.
„Решивме да го сфатиме брачниот ритуал како можност и авантура кои ќе ги прифатиме заедно“ – изјавил Меконахи.
42-годишниот актер и 29-годишната манекенка си го кажаа судбоносното „Да“ пред 120 блиски пријатели и роднини, меѓу кои и нивните две деца, Леви и Вида.
Свадбената прослава траела три дена, а гостите спиеле во специјални климатизирани луксузни шатори.
Бразилскиот модел официјално започна врска со згодниот актер во 2007 година. Во 2008 година Камила го роди нивниот син Леви Алвес Меконахи, а во 2010 ја роди и нивната прва ќерка, Вида Алвес Меконахи.