Дру Баримор навистина имаше за што да се смее на својот свадбен ден. 37-годишната актерка стапи во брак со својот сакан Вил Копелман, опкружена со блиски пријатели и роднини.
„Беше совршен ден. Сите што ги сакавме и за кои се грижиме беа таму“ – изјавила таа за People еден ден по свадбата.
Денес се појавија и првите фотографии на кои бремената Дру ја има најшироката насмевка. Облечена во венчаница на Шанел, дизајнирана лично од Карл Лагерфелд, среќната филмска ѕвезда блеска покажувајќи го своето стомаче.

Дру и Вил си го кажаа судбоносното „Да“ на 2 јуни. Свадбата на која присуствуваа 190 гости се одржа во дворот на Дру во Монтесито, Калифорнија. До олтарот Дру ја испратил таткото на Вил, Ари Копелман, бидејќи таткото на славната актерка почина во 2004 година. Првиот танц на младоженците бил на песната „No One's Gonna Love You“ од Band of Horses.

Меѓу гостите имало многу славни личности, како Камерон Дијаз, Рис Витерспун, Скарлет Јохансон, Стивен Спилберг и Бизи Филипс.