Дру Баримор стана мајка. 37-годишната актерка родила ќерка изминатава среда, а малото девојче го добило името Олив Баримор Копелман.

„Горди сме да го објавиме раѓањето на нашата ќерка, Олив Баримор Копелман, родена на 26 септември, здрава, среќна и пречекана од целото семејство“ – изјавиле среќните родители преку соопштение за медиумите.
Дру стапи во брак со Вил Копелман во јуни. Иако неколку месеци пред свадбата се зборуваше дека познатата актерка е бремена, таа не ја потврди, ниту ја негираше веста. Сепак, на фотографиите од свадбата среќната Дру со радост го покажуваше своето трудничко стомаче.

Вил ја побара раката на харизматичната актерка во декември минатата година. Тие беа во кратка врска во 2010 година, а по мала пауза ја продолжија врската во февруари 2011.