Дру Баримор присуствуваше на хуманитарен велигденски настан во Њујорк со својата слатка ќерка Френки Копелман.
42-годишната актерка се појави без шминка и со насмевка позираше со 2-годишното девојче. Слаткото дуо мајка-ќерка се фотографираше и со маскота со лик на велигденски зајак.
Многумина се согласија дека Френки многу наликува на мајка си кога била мала.






На хуманитарниот настан „The Bunny Hop“ секоја година се одржуваат забавни детски активности додека во меѓувреме се собираат средства наменети за педијатрија. Оваа година беше 25-годишнина на манифестацијата.

Френки е ќерка на Дру од нејзиниот брак со Вил Копелман. Заедно имаат уште една ќерка, 4-годишната Олив.

