Бритни Спирс ја заврши големата светска турнеја „Femme Fatale“ и сега релаксирано може да ги помине празниците со своите деца и со Џејсон во празнично украсениот дом во San Fernando Valley.
Исто како и минатата година, Бритни не пропушти да го одбележи започнувањето на празниците со блескави новогодишни сијалички и празнични фигури како Снешко и Дедо Мраз. Од новите фотографии може да се види дека целата нејзина куќа е во празничен дух.
Познатата поп ѕвезда неодамна го прослави својот 30-ти роденден. Иако Бритни е родена на 2 декември, таа доби прекрасна торта и голема веселба на 9 декември.