Бритни Спирс сака да започне нов и помирен живот со Џејсон Травик, подалеку од папараците и бучниот Холивуд. Затоа, популарната пејачка е во процес на купување на нова куќа за 8,5 милиони долари во Таузанд Оукс, Калифорнија.
Освен прекрасен базен, луксузниот дом во медитерански стил има 5 спални соби, 7 бањи, елегантна трпезарија, мини кино сала и винарска визба.
Бритни и Џејсон се свршија во декември минатата година, но сè уште немаат откриено дали и кога планираат свадба.