Бритни Спирс повторно се сели. Според најновите информации на The Real Estalker,
Но, поп ѕвездата нема да купува нов дом, туку заедно со своите деца и Џејсон Травик ќе живеат во луксузна куќа која се издава. Според неофицијални информации, месечниот наем на домот кој зазема површина од 980m2 е 25.000 долари.
Куќата вклучува 5 спални, 6 бањи, библиотека, мала кино сала, соба за забава и целосно опремена кујна, а е опкружена со големи тревни површини кои би биле идеални за игрите на децата на Бритни. Мермерните и дрвените подови, високите тавани и рачно изработените естетски детали само го прават овој имот уште попожелен.