Ким Кардашијан буквално живее пред камера. Ако не ја снимаат камерите за реалното шоу на нејзиното семејство, тогаш ја сликаат папараците на улица или фоторепортерите на црвените килими. Речиси секогаш таа изгледа средено од глава до пети, а тоа си бара ем време, ем длабок џеб. Ниту првото, ниту второто не се проблем за Ким, па во нејзиниот плакар се вложени стотици илјади долари и на секоја жена би ѝ било интересно да ѕирне во него.
31-годишната телевизиска ѕвезда објави три фотографии од својот плакар за обувки. „Во чест на модната недела, ќе објавам фотографии од мојот плакар“ – напиша таа на Twitter.
Како што може да се види од фотографиите, обувките на Ким се подредени по боја, а низ нив се среќаваат брендови како Ив Сен Лорен, Џузепе Ѕаноти и се разбира, Кристијан Лобутин.
Пред да се појави на модната ревија на нејзиниот пријател Кание Вест во Париз, Ким објави и фотографија од обувките кои ги носеше за вечерта. Кремовите обуки се соработка на Кание со Џузепе Ѕаноти и беа дел од првата колекција на познатиот рапер. Цената само на овие обувки е 4.420 евра!