Со својата мала ќерка, познатата пејачка Пинк започнува нов живот во Малибу, па затоа решила да ја продаде својата куќа во Лос Анџелес за 4 милиони долари.
Куќата има 4 спални соби, 5 бањи, голема градина и базен. Имотот бил изграден во 1946 година, а за него Пинк и нејзиниот сопруг Кери Харт во 2002 година платиле 2 милиони долари.