Оливија Палермо стана заштитно лице на брендот за накит Piaget. Популарната блогерка ги претстави моделите од колекцијата „Possession“ за сезоната пролет/лето 2016.
Нејзиниот сопруг, моделот Јоханес Хибл, ги направил фотографиите од кампањата.
За компанијата за луксузен накит, 30-годишната модна икона на денешницата открила како се родила нејзината љубов за накитот. „Мојата љубов кон накитот се роди на рана возраст. Се сеќавам дека ги гледав моите мајка и тетка како се подготвуваат и двете имаа убави винтиџ колекции. Исто така, уживав да одам на саеми и аукции, каде што имав можност да видам прекрасни винтиџ парчиња“ – изјавила Палермо.



