Како член на жирито на „The X Factor“, Никол Шерцингер секогаш изгледа „скоцкано“ од глава до пети. На шоуто за таленти, 38-годишната пејачка постојано мами погледи во впечатливи креации кои ја истакнуваат нејзината привлечна фигура.
Во изминатите неколку епизоди од шоуто, убавата музичка ѕвезда блескаше во црн припиен „сирена“ фустан, бел комбинезон кој не трпи долна облека, црвен фустан со висок шлиц, блескав долг фустан, сребрена комбинација од панталони и кратка блуза и црна креација со „опашка“.


























Деновиве, Шерцингер беше фотографирана и во бордо фустан од брендот Kalayci London кој го носеше наопаку.





