Никол Шерцингер гордо ја истакна својата фигура во црна креација на забавата на „InStyle“ во Беверли Хилс, организирана по повод доделувањето на наградите „Златен глобус“.
37-годишната пејачка го потенцира својот сексапил во долг фустан со длабоко деколте и разголен грб. Припиената креација, која доаѓа од колекцијата ресорт 2016 на Алекс Пери, Шерцингер ја искомбинира со златни чантичка и обетки.












Пред неколку дена, Шерцингер беше фотографирана додека се бакнуваше со својот нов партнер – бугарскиот тенисер Григор Димитров.

