Никол Шерцингер ја покажа својата природна убавина. Привлечната музичка ѕвезда објави на Instagram фотографии од одморот на Малдиви и не пропушти да спомене дека не е нашминкана.
На фотографиите, Никол со „селфи-стап“ овековечува релаксирана прошетка на идилична песочна плажа.


37-годишната поранешна членка на The Pussycat Dolls сподели и кратки снимки од својот одмор.

