Каде и да се појави, Моника Белучи мами воздишки. Откако ја проследи ревијата на Шанел, привлечната Италијанка го искористи својот престој во Париз за да биде дел од хуманитарна вечера „Sidaction“. Овој настан цели да ја подигне свеста за сидата и собирање парични средства кои ќе помогнат во светската борба против тешката болест.
На црвениот тепих, 51-годишната актерка го истакна својот сексапил во припиена креација со геометриски принт. Својот стајлинг таа го надополни со впечатливи чантичка и обетки.







