Кевин Харт и Енико Париш стапија во брак. 37-годишниот комедијант и 31-годишниот модел се заколнаа на вечна љубов на церемонија која се одржа во Санта Барбара, Калифорнија.
За најважниот ден од својот живот, Енико блесна во две венчаници од Вера Ванг, а младоженецот носеше костум од брендот Davidson Petit-Frére.









Ова е втор брак за Кевин. Во 2011 година, тој се разведе од Тори со која има две деца – синчето Хендрик и ќеркичката Хевен. Кратко време по нивната разделба, Харт ја започна својата врска со Париш и ѝ предложи брак во август 2014 година.