Мајкл Китон беше почестен со своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
На церемонијата, талентираниот актер беше придружуван од својот син Шон и својата партнерка.


„Горд сум што ти сум син. Ти си мојот херој, мојот најдобар пријател. Те сакам најмногу“ –рекол Шон.



„Ако речам дека ова е остварување на мојот сон, ќе биде погрешно, бидејќи јас никогаш не ни помислував дека ќе бидам славен. Тоа не е нешто за кое размислував, да забавно е, но никогаш не размислував за тоа. Отсекогаш сакав да бидам добар. Тоа е сè што сакав, да бидам добар во тоа што го правам. И искрено, некогаш мислам дека сум, а понекогаш сметам дека сум многу добар. Сакам да видам колку добар можам да станам. Тоа е убавото кај мојата работа, бидејќи тоа е бескрајна мисија“ – изјавил Китон, гордо примајќи го признанието.








