Мараја Кери и Ник Канон ги обновија брачните завети во градот на светлината. Облечени во бела облека со црни детали, Мараја и Ник повторно се заколнаа на вечна љубов на врвот на Ајфеловата кула.
„Ова беше неверојатна ноќ. Не можам да искажам колку беше прекрасно да ги обновиме заветите во Париз, на врвот на Ајфеловата кула“ – напиша Мараја на Twitter.
Мараја и Ник очигледно не сакаа нивната четврта „свадба“ да остане приватна. Тие ги поканија фото-репортерите во Париз, во хотел со поглед на Ајфеловата кула, за пред нив да ја покажат својата љубов. Мараја блескаше од среќа во бел фустан со силуета на сирена и дијамантски накит.
Мараја и Ник стапија во брак пред речиси 4 години (на 30 април 2008 година) и оттогаш секоја година ги обновуваат своите завети. Минатата година, на годишнината од бракот, тие го добија најубавиот подарок на светот – близначињата Монро и Морокан.