Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мадона помускулеста отсекогаш за претстојниот камбек

ФОТО: Мадона помускулеста отсекогаш за претстојниот камбек

Кралицата на поп музиката планира голем камбек. Мадона напорно работи за да ја воодушеви прогнозираната 100-милионска публика на претстојниот Супер бол.

На прес-конференцијата која се одржа во Индијанаполис, тешко беше да не се забележи дека 53-годишната пејачка е во топ физичка форма. Разголувајќи ги мускулестите раце и истакнувајќи ја тенката половина, Мадона покажа дека е подготвена повторно да се искачи на врвот на музичката сцена.

Мадона

Пред собраните новинари таа призна дека има малку трема за нејзиниот настап на полувремето на големиот американски спортски настан и објави дека ќе изведе три стари песни како и новиот сингл „Give Me All Your Luvin“.

Многумина велат дека Мадона е зависна од вежбањето, но во неодамнешно интервју таа сподели дека сега не вежба како порано и дека е во фитнес сала само по час и половина, пет дена седмично.

Мадона

„Да ви кажам искрено, не вежбам толку многу како порано, намалив до час и половина, пет дена седмично. Имам четири деца, имам пет работни места“ – изјави таа во интервју за Андерсон Купер.

Синоќа за време на шоуто American Idol премиерно беше објавен и дел од музичкиот спот на Мадона заедно со Ники Минаж и M.I.A. за „Give Me All Your Luvin“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.