Мадона го покажа своето природно лице за време на пробата пред големиот концерт во Рим. 53-годишната пејачка покажа дека не се плаши да го покаже своето лице без шминка и самоуверено ги привршуваше подготовките пред почетокот на шоуто.
Пред неколку дена Мадона застана во центарот на вниманието на јавноста и доби бран критики откако ја покажа својата брадавица на сцената во Истанбул. Можеби многумина очекуваа истото да се случи и на концертот во главниот град на Италија. Но, Мадона не е личност која сака да се повторува.
За време на нејзиниот настап таа не ги разголи градите, но затоа пак ги турна панталоните за да го покаже својот задник и тангата со чипка.
Погледнете го и видеото од новото разголување на Мадона: