Дејвид Коперфилд постави рекорд, купувајќи ја најскапата куќа во Лас Вегас.
Најпопуларниот магионичар платил 17,55 милиони долари за да присвои луксузен имот во „градот на гревот“.
Главната куќа вклучува 8 спални соби, 9 бањи, соба за вежбање, кино-сала, винарија и зен-градина. Пред екстравагантната градба примамува бескраен базен.
59-годишниот илузионист се проценува дека има богатство од 800 милиони долари, па купувањето на овој имот нема премногу да ја испразни неговата сметка.
Погледнете го и тропскиот рај кој го поседува Дејвид на Бахамите.