Линдзи Лохан и додека беше во куќен притвор остана присутна во медиумите. 25-годишната актерка освен што го искористи времето за да се забавува, повремено и работеше.
Италијанскиот Vanity Fair сними едиторијал во нејзиниот дом во Лос Анџелес, додека Линдзи ја излежуваше казната за тоа што во јануари оваа година украде ѓердан од 2500 долари.
Во интервју за списанието, Лохан изјавила дека казната затвор која ѝ беше досудена за нарушувањето на условната казна од 2007 година за возење по дејство на алкохол била премногу строга.
„Освен ако не си убиец, не гледам причина да останеш таму. Јас никогаш не повредив никој друг освен себеси“ – објаснила таа.
Проблематичната актерка открила и дека по напорниот период ќе ја продолжи својата кариера и дека во октомври започнува со снимање на мафијашкиот филм GOTTI: In The Shadow Of My Father.