Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лејди Гага на насловна на рекордното издание на „Вог“

ФОТО: Лејди Гага на насловна на рекордното издание на „Вог“

Септемвриското издание на модната библија „Вог“ ќе биде со рекордни 916 страници (од кои најверојатно 658 ќе бидат реклами), а корицата е наменета за ексцентричната Лејди Гага.

На специјалната корица 26-годишната пејачка изгледа бестрашно во фустан на Марк Џејкобс. Фотографијата е направена од прочуеното дуо Мерт и Маркус.

Лејди Гага во „Вог“

Во интервјуто за списанието, Гага зборувала за својот нов парфем, фустанот од месо и нејзината музика.

За новиот парфем: „Парфемот се вика Fame. Мора да е црн. Мора да е заводнички. Мора да посакате да го лизнете и допрете и почувствувате, но неговиот изглед мора да ве плаши.“

За фустанот од месо вклучен во турнејата: „Реков, ОК, ако бев нечија баба и одев на концерт вечерва, како ќе знаев дека е шоу на Гага? Сите се погледнавме и рековме: фустанот од месо.“

За нејзината музика: „Не правам песни за луѓето да ги слушнат и да речат: wow, таа е гениј. Навистина сакам да си порачаш пијалак, можеби да ја бакнеш личноста со која си излезен вечерта или да преоткриеш нешто за твоето минато кое те прави да се чувствуваш похрабар.“

Сепак, Гага не е Гага ако не направи фотографија која би предизвикала барем малку бранови во јавноста. На друга фотографија која ќе се наоѓа во внатрешноста на списанието таа позира гола, а на главата носи огромна екстравагантна шапка од Стивен Џонс за Марк Џејкобс.

Лејди Гага во „Вог“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.