Бијонсе ја започна својата турнеја „Formation“ во Мајами. Во секси костими музичката дива ја забавуваше публиката во Марлинс парк.
Ова е доста активен период за популарната пејачка. Покрај големата светска тунеја која ѝ претстои, пред неколку дена таа го објави својот шести студиски албум „Lemonade“, за кој се крена голема прашина.








Во текот на концертот, Бијонсе ја изведе познатата песна „Purple Rain“ за да му оддаде почит на Принц, музичката легенда која почина пред една недела на 57-годишна возраст.







Кон крајот на шоуто, Бијонсе му посвети песна на својот сопруг Џеј Зи, потсетувајќи го колку го сака. Пред да ја започне изведбата на хитот „Halo“, таа рече: „Сакам да ја посветам оваа песна на мојот прекрасен сопруг, те сакам толку многу“.



















34-годишната пејачка на својот сајт објави фотографии од концертот и од подготовките. На едната фотографија Бијонсе е прегрната со ќеркичката Блу Ајви.


