Семејството Кардашијан живее пред камери и се очекуваше многу брзо по породувањето Кортни да ја претстави пред светот својата прва ќерка.
Неделното списание „Us Weekly“ ги објави првите фотографии од едномесечната Пенелопе Скотланд Дисик. Гордата Кортни со нежна насмевка позира со заспаната ќеркичка и двегодишниот син Мејсон.

На друга фотографија заедно со нив позира и гордиот татко Скот Дисик, со кого Кортни е во врска шест години.

„Ништо не можеше да ме подготви за тоа колку многу се заљубив во неа“ – изјавила 33-годишната ТВ ѕвезда во интервју за списанието.
Малата Пенелопе се роди на 8 јули.