Иако тврдеше дека многу жали за тоа што застана гола пред објективите на фотоапаратите за списанието Playboy, Ким Кардашијан повторно го разголи своето тело, но овој пат за списанието W.
Ким се појавува целосно гола на насловната страна на ноемвриското издание, само одредени делови од нејзиното тело се покриени со црвени ленти. Но, тоа е само насловната.
На другите фотографии кои се појавија на интернет, 29-годишната риалити ѕвезда ги покажува своите популарни облини премачкана само со металик боја.
Во интервју за Harper's Bazaar, Ким призна дека жали за фотографиите за Playboy и признава дека мајка ѝ ја поддржувала да ги соблече своите алишта.
“
Направи го. Може никогаш повеќе да не те побараат. Нашето шоу сè уште не се емитува. Никој не знае која си. Направи го и ќе имаш убави фотографии за да ги гледаш кога си на моја возраст.