Сестрите Кардашијан неколку дена престојуваат во луксузната куќа во Мајами во која живееше и пред чии порти беше убиен Џани Версаче, а тоа не остана незабележано од медиумите, папараците и бројните фанови на славното семејство.
За време на престојот на популарниот имот, Ким Кардашијан со едно „селфи“ успеа да предизвика лавина коментари. 33-годишната ТВ ѕвезда објави на Instagram фотографија на која позира пред огледало во нежно розов фустан од Алаја и блуза од својата нова колекција.
Кратко време по објавувањето, Ким доби бројни коментари со кои беше обвинета дека користи Фотошоп за „слабеење“.
Ким во истата модна комбинација беше фотографирана низ Мајами, па многумина започнаа да прават споредби помеѓу фотографијата на Instagram и фотографиите на папараците, посочувајќи ги разликите.
Сестрите Кардашијан снимаат нови епизоди за шоуто „Keeping up with the Kardashians“ во екстравагантната поранешна вила на познатиот италијански дизајнер нарекувана „Casa Casuarina“, која минатата година се продаде за 45 милиони долари.
Во Мајами сестрите присуствуваа на отворањето на уште еден бутик кој е дел од нивниот ланец на продавници „D-A-S-H“.