Кејт Аптон добро знае што се очекува од неа – сексапил и тоа во големи дози. Па, русокосиот модел без проблем се справи со таа задача, поставена од страна на машкото списание „GQ“.
20-годишната убавица им стана миленичка на мажите со фотосесиите и кампањите кои редовно вклучуваат бикини, но разголувањето не е пречка за Кејт.
„Ова е и како секоја друга работа. Ги пронаоѓаш своите силни страни и ги акцентираш“ – изјавила таа.
Летната фотосесија за јулското издание била направена од страна на познатиот фотограф Тери Ричардсон, а на фотографиите Кејт се појавува во бикини или топлес.