Кендис Сванапул, еден од најубавите ангели на Victoria’s Secret, уште еднаш докажа дека не се срами да го разголи своето тело. Русокосата манекенка е летната муза на списанието „Muse“, а во него се појавува во неколку различни тематски едиторијали.
Сепак, од сите фотографии, најмногу внимание привлекуваат оние на кои таа е целосно гола и го покажува своето вито тело.
Во краткото интервју за списанието, јужноафриканската убавица раскажала дека пораснала на фарма и дека била „откриена“ на пазар. „Израснав на фарма, па секој ден беше авантура. Стрижењето на овците, молзењето на кравите и пливањето во езера беше дел од моето секојдневие. Порано ги следев татко ми, брат ми, братучедите низ фармата и се обидував да бидам една од момците. Бев откриена од Кевин Елис на пазар во Јужна Африка“ – раскажала таа.
Кога била прашана дали има свој идол, таа одговорила: „Жизел Бундхен отсекогаш ми била инспирација и идол, како личност и како бизнис жена. Летиција Каста за нејзината природна убавина. Се огледувам и на постарите икони како Мерилин Монро, Елизабет Тејлор...“.
Иако има само 23 години, Кендис вели дека веќе ги постигнала сите цели кои си ги имала поставено на професионален план. „Ги достигнав и надминав сите цели што ги имав професионално. Се надевам дека ќе продолжам да работам со луѓе кои ме инспирираат и се инспирирани од мене. Сè додека чувствувам дека има предизвици пред мене, ќе бидам среќна“ – изјавила таа.