И Кендал Џенер доби своја восочна фигура. 20-годишната манекенка го посети музејот Мадам Тисо во Лондон и позираше со својата „двојничка“.
Моделот од восок од популарната ѕвезда од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ е прикажан како се релаксира по долна облека и црна наметка зад сцената, пред почеток на модна ревија.
За посетата на реномираниот музеј, Џенер носеше црно плетено фустанче и чизми до над колената од Џанвито Роси.



Атрактивниот модел бил изненаден од сличноста со восочниот модел. „Кога ја видов полудев, но сега се навикнавме една на друга“ – изјавила Џенер.








