Кендал Џенер беше една од многуте славни личности кои присуствуваа на традиционалната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа. 20-годишниот модел во елегантно издание ги привлекуваше објективите на фоторепортерите на свеченоста во Вашингтон.
Ѕвездата од „Keeping Up with the Kardashians“ зачекори на црвениот тепих во црна креација со разголено деколте од високата мода на Вивиен Вествуд. За да го комплетира својот изглед, Џенер избра сандали од Долче и Габана.












