Камерон Дијаз беше меѓу многуте ѕвезди кои по завршувањето на манифестацијата „Златен глобус“ присуствуваа на вечерната забава.
39-годишната актерка која сме навикнати да ја гледаме во секси атрактивни изданија, не успеа да воодушеви со својот нов стајлинг. Новата брановидна кратка фризура и лошата шминка не ѝ направија услуга и ѝ додадоа неколку години плус.
Сатенскиот фустан во боја на мастило од „Monique Lhuillier“ додаде елеганција во изгледот на Дијаз, но не го оцрта на соодветен начин нејзиното атлетско градено тело.
Камерон и Пи Диди уште повеќе ги подгреаја гласините дека се во врска. Според The Insider, Диди пристигнал на забавата 40 секунди по Камерон, по што заедно седеле на иста маса. За фотографии позирале одделно, а кога некој ќе се обидел да направи нивна заедничка фотографија, Камерон се поместувала за да излезе од кадар.
На забавата присуствуваа и многу други познати лица кои не беа на доделувањето на „Златен глобус“, како Парис Хилтон, Линдзи Лохан, Ким Кардашијан и Миранда Кер.