Шпанското „Elle“ ќе ги мотивира своите читателки да станат физички поактивни пред почетокот на летото со жежок едиторијал со Бар Рафаели. Згодната Израелка гордо го покажува своето тело позирајќи разголена на плажа и нè потсетува дека крајно време е да го подготвиме нашето тело за бикини сезоната.
26-годишниот модел позира топлес и целосно гола, но зазема стратешки пози со кои не разголува премногу од себе.
Во интервју за списанието, Бар споделила дека отсекогаш била противник на диетите и гладувањето. „Јас лично не мислам дека слабите модели се привлечни. Обожавам да јадам. Најлошото нешто за мене би било да гладувам или да сум на диета“ – признала таа.