Ел Мекфирсон со години е нарекувана „Телото“ (The Body) и има зошто. Прекрасниот супермодел, иако се приближува до 50-тата година од животот, изгледа прекрасно, а нејзиното тело е во топ форма.
48-годишната манекенка позираше за дваесеттото јубилејно издание на списанието „Fitness“ и освен што ја покажа одржаната фигура, сподели и информации за својот фитнес режим.
„Секој ден по еден час практикувам некаква физичка активност. Ја менувам. Ако сум на планина, скијам, ако сум во близина на вода, пливам. Понекогаш може да практикувам јога или да одам на „спин“ час... Каде и да одам, ги носам со себе моите патики за трчање и iPod –от. Трчањето не е само ефективен метод за да останете фит, туку и еден вид на медитација во движење и одличен начин да истражувам нови градови кога патувам“ – изјавила Ел.
„Имам речиси 50 години и очигледно не го поседувам истото тело од времето кога имав 20 години. Но, исто така го немам и истиот начин на размислување оттогаш, кога бев разрушена од несигурности... Мојата мотивација е да се чувствувам радосна, инспирирана, страсна, трпелива, силна и здрава. Тоа ми е многу поважно отколку да достигнам Х килограми на вагата“ – објаснила таа.
Мекфирсон има совет и за сите кои немаат инспирација и мотивација да се фрлат на вежбање. „Ќе се запрашам себеси: Дали се чувствуваш подобро или полошо по трчањето или спортувањето? Не можам да се сетам да сум правела одредена физичка активност и потоа да сум се чувствувала полошо“ – вели таа.
Во моментов Ел работи на реалното шоу „Fashion Star“, заедно со Џесика Симпсон и Никол Ричи.